Во Европа денеска е измерена највисоката температура откако постојат мерењата.
Забележана е во Италија. На југоистокот на Сицилија се измерени 48,8 степени Целзиусови.
Рекордната температура ја измерил агрометеоролошкиот информативен сервис на Сицилија во 14 часот во Флоридија, местово покраината Сиракуза.
Досегашниот рекорд го држела Атина, каде во 1977-ма година биле измерени 48 степени Целзиусови.
Инаку, на Сицилија на 20.09.1999 година биле забележани 48,5 степени Целзиусови, но тоа никогаш официјално не било признаено како рекорд.
Денешниот рекорд на Флоридија исто така се уште е неофицијален. Експертите од Светската метеоролошка организација мора да го проверат и да го одобрат.
Утре во 10 италијански градови ќе биде прогласен црвен аларм за топлина, а во петок дури во 15. До 15 август, максималните температури во Тоскана, Лацио и Емилија би можеле да достигнат 39-40 степени во внатрешноста, 38 во Рим, 37 во Венето и Ломбардија , 35 во Пиемонт и 32 во Лигурија, според прогнозите на IlMeteo.ita.
Интензивниот топлотен бран продолжува да го гори Медитеранот и Северна Африка. Топлото и суво време одиграа голема улога во создавањето услови за експлозивни и разорни пожари во Турција и Грција.