НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Висината на месечен додаток кај најангажираните службеници може да се зголеми до 30%-исплатата после изборите

0
By Mirjana on August 12, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Согласно Уредбата, право на додаток на плата до 30% од редовната плата може да се оствари заради специфичност на работите и работните задачи и зголемен обем на работа
Владата на Република Северна Македонија на 95-та седница одржана на 5 август 2021 година, донесе Уредба за начинот и критериумите врз основа на кои може да се исплати додаток на плата до максимум 30% од редовната плата за дел од вработените од централните институции на извршната власт.

Измените и дополнувањето на Законот за извршување на Буџетот за 2021 година стапија на сила на 5 август и затоа тогаш се донесе Уредбата. Законот беше влезен во собраниска процедура на 8 јуни, но беше изгласан на 28 јули 2021 година.

Согласно Уредбата, правото на додаток на плата до 30% од редовната плата можат да го остварат вработените заради специфичност на работите и работните задачи и зголемен обем на работа, како и постигнување на исклучителни резултати во служењето на јавниот интерес и ефикасното извршување на своите надлежности.

Додаток на плата можат да добијат најмногу 30% од вкупниот број вработени во институцијата, при што исплатата нема да биде за оние вработени кои имаат право на додаток на плата со посебен закон и/или колективен договор.

Наведуваме дека предметната Уредба нема да предизвика дополнителни фискални импликации, од причина што додатоците на плата за вработените ќе бидат утврдени согласно тековните буџетски можности. Со Измените и дополнувањата на Законот за извршување на Буџетот за 2021 година е регулирано дека додатокот на плата ќе се исплаќа доколку во Буџетот има обезбедено средства за оваа намена.

Исто така и во самата Уредба е наведено дека додатокот на плата може да се исплаќа и во помал износ од 30%, во зависност од обезбедените средства во буџетскиот корисник. Тоа значи дека исплатата на додатокот на плата и неговата висина е во зависност од фискалниот простор и слободните средства кои му стојат на располагање на буџетскиот корисник.

Владата на Република Северна Македонија високо ги цени работничките права и се води од тоа дека треба да има принцип на награди, доколку работникот извршил зголемен број на работни задачи по обем и квалитет. Исто како што има и принцип на казни доколку не се извршени работните задачи. Владата ги води економските политики комплементарно со поддршка на приватниот сектор, системско подигање на прагот на минимална плата од година во година и со фокус на работничките права.Укажуваме дека до овој момент не е извршена никаква исплата согласно Уредбата, со оглед на тоа што се распишани локалните избори. Исплатата на додатокот на плата ќе се реализира по завршувањето на локалните избори кога и ќе се финализира кои лица ќе добијат додаток на плата.

администрација ангажираност додаток
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.