Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Охридскиот договор ги постави темелите на кои градиме заедничко општество

0
By НОВА ТВ on August 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 13, 2021 11:44

Одбележуваме значајна годишнина од договорот со кој беше обезбедена мирната иднина и натамошна демократска изградба на Северна Македонија со еднакво учество на сите нејзини етнички заедници. Договорот ги постави темелите врз основа на кои ние како новоформирана влада во 2017 година го градиме нашето заедничко – едно и еднакво општество, вклучувајќи ги и почитувајќи ги подеднакво сите етнички идентитети и интереси на сите граѓани кои живеат овде, порача премиерот Зоран Заев на обраќањето на конференцијата „По Охрид“ по повод 20 години од потпишувањето на  Рамковниот договор.

После Охрид, нагласи Заев, нашата земја гради зрели политики, и наместо конфликти разговараме за економски напредок во нашата земја и унапредување на добрососедските односи, а заедно со нашите соседи создаваме Отворен Балкан.

–  По Охрид сите заедно, без разлика на нашата етничка, национална, верска, социјална и културна припадност изградивме едно еднакво општество каде секој може да најде просперитет и подобра иднина. Драго ми е, што после 20 години дискутираме за сите овие придобивки. Една од наважните придобивки е дека низ дијалог си го организираме животот, заедно посветени на секоја индивидува, семејство и граѓанин, изјави Заев.

Во 2017 година, нагласи Заев, наш приоритет беше да му дадеме живот на Договорот и го донесе законот за употребата на јазиците, со што се заокружија одредбите од Охридскиот рамковен договор.

–  Охридскиот Договор стави крај на конфликтот, кој за жал понесе и жртви, но од оваа дистанца можеме слободно да кажеме дека е гаранција на мирот, кој подоцна го надградивме и унапредивме, создавајќи заеднициа во која граѓаните имаат соживот и меѓусебно почитување и толеранција. Заедница во која граѓаните имаат исти или слични визии за подобро утре. Северна Македонија е прекрасен мозаик од етнички и други заедници и различности, истакна претседателот на Владата.

Охридскиот рамковен договор, нагласи Заев, ја испрати и пораката за меѓусебно разбирање, извинување и простување меѓу Македонците и Албанците и меѓу сите други сограѓани.

– Тоа е пораката за соживот, за еднакви граѓани во заедничка ни татковина. Како држава ги презедовме сите неопхподни мерки за градење интегрирано опшество кое е цврсто базирано на владеење на правото, заштита на човековите права, почитување на различностите и се развиваме во заедница во која шансите се еднакви за сите, како членка на НАТО и идна членка на ЕУ, порача Заев.

Создадовме граѓанска држава, посочи тој, со еднакви услови за сите кои живеат во неа.

– Македоцни, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници. 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор се совпаѓа и со 30-годишнината од независноста на нашата земја и 80-годишнината од народното востание и 20-годишнината од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, како наш прв чекор кон остварување на нашата заедничка цел за членство во ЕУ, изјави Заев.

Сите заедници, додаде, треба да бидеме горди дека претставуваме позитивен пример од кој другите учат.

– Испорачувачи на мир, урнек по кој многу други земји и региони, не само на Балканот и Европа, туку и во светот може да учат. И си земам за право да оставам аманет, да си го чуваме она што заедно сме го постигнале овие 20 години и да бидеме благодарни на современиот свет од кој многу учиме и кој многу ни помага. Тоа е западниот свет кој бил тука и пред 20 години и денес е тука, како наша поддршка. Пред се, нашите стратешки партнери САД и ЕУ, истакна Заев.

Зоран Заев Охридски договор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.