Во Црна Гора се спроведува робусна акција на апсење на криминална група за која имало сомненија дека планирала убиства на функционери.Ова го објави националната телевизија која се повика на неофицијални извори.
Весникот Вијести пак отиде чекор понатаму и објави дека групата била составена од шест члена, и припаѓала на шкаљарскиот клан, и дека повеќе месеци го следела движењето на судијката Билјана Ускоковиќ и дека биле со план да ја нападнат.
Таа била следена и во црногорскиот главен град Подгорица но и во неколку приморски места. Неколкуте членови на групата се уапсени со исклучок на двајца кои биле во затвор во Украина.