НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Со бројки ја докажуваме ефикасноста на вакцините

0
By Biljana on August 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вакцинацијата е единствениот механизам и спас ние да излеземе од оваа криза истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче во вестите на Сител.

„Битно е да се вакцинираат граѓаните тоа го покажува и бројот на новодијагностицирани случаи. Од нив, само мал процент се вакцинирани, исто е и со бројот на хоспитализирани кои се во прилично стабилна здравствена состојба. Најбитно од се, за 20 пати е намален ризикот од смртен исход доколку се зарази некој кој е целосно вакциниран. Тие принципи се наметнуваат во целиот свет. Сите сме свесни дека тоа е единствениот начин да излеземе од пандемијата, да го вратиме назад животот. Гледаме во некои земји каде е поголем опфатот на вакцинација има и масовни собирања, иако има зголемен број на новодијагностицирани случаи, Велика Британија на пример, нема оптеретување на болниците“, рече Филипче.

Министерот објасни дека кај нас имаме една специфична ситуација, односно оптеретени се болниците во градовите каде има мал процент на вакцинирани граѓани како Тетово, Гостивар, Куманово каде процентот на вакцинирани граѓани е до 23% од вкупнот број на населението таму. Во градовите каде вакцинацијата на населението достига и над 47-48% до 50% како Битола, Штип, Охрид во болниците нема таков притисок, што значи дека има и докази дека вакцините даваат резултати.

„Се докажува и ефикасноста, на 1 милион дадени дози ние немаме некој посериозен несакан ефекти од вообичаените несакани ефекти, црвенило, еден до два дена покачена температура и исклучително мал број луѓе од 500 илјади веќе кои се новодијагностицирани и заразени. Верувам дека овој сет на мерки кои ги препорачуваме се со цел да се зголеми опфатот на вакцинација, но и да се спречи ширењето на вирусот“, рече министерот Филипче.

Венко Филипче ковид вакцина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.