Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поповски: На Македонија и треба нова политичка сила

0
By Нова ТВ on April 4, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 4, 2014 10:57

Кандидатот на ГРОМ за претседател на државата, Зоран Поповски, во средата одржа митинг во Охрид, а претходно оствари средби со граѓаните на Ресен, Дебарца и Струга, каде порача дека на Македонија и треба нова политичка сила, нова понуда на овие избори која се залага за подобра и достоинствена живеачка на граѓаните во оваа мултиетничка држава.

„На Македонија и треба нова политичка сила, нашата понуда на овие избори е подобра и достоинствена живеачка на граѓаните во оваа мултиетничка држава. Македонија да стане етнички, политички стабилна за да може економски да се развива, само така ќе го тргнеме каменот кој ни е обесен на нога“, порача кандидатот за претседател од ГРОМ, Зоран Попоски.

Тој ја побара поддршката во Охрид за, како што рече, обединување кон решавање на клучните проблеми во државата, сиромаштијата, невработеноста, достоинството, влегување на државата во ЕУ и НАТО и подобар живот.


Со громогласно „да“ одговорија многубројните охриѓани на прашањето на претседателскиот кандидат на Граѓанска опција за Македонија, Зоран Поповски, „дали на Македонија и треба ГРОМ?“ Граѓаните на македонскиот Ерусалим на вечерашниот голем митинг, со овации, аплауз и со скандирање на имињата на кандидатот за претседател и на лидерот на ГРОМ, порачаа дека токму тоа, трета опција, и треба на нашата земја.

– Собрани сме овде за да бидеме дел од големата граѓанска идеја и визија, за сплотени под покривот на Граѓанска опција за Македонија да создадеме иднина за нашата Македонија – порача од говорницата секретарот на Општинската организација на

Претседателскиот кандидат, Поповски на охриѓани им порача дека и како биолог, но уште повеќе како претседател ќе се залага да се сочува богатството на Охрид и на Охридско Езеро.

Поповски, во својот промотивен говор, им ги претстави на граѓаните своите визии за
извршувањето на функцијата претседател. Тој подвлече дека негова цел ќе биде постојано да
биде со граѓаните, да биде нивни гласноговорник и нивни заштитник.

– Ајде да се обединиме и заедно да им кажеме „не“ на стравот и на црните сценарија што се надвиснале над нашата земја – повика Поповски.

Лидерот на коалицијата ГРОМ, за крај, истакна дека Граѓанска опција за Македонија не
сака нејзиниот претседателски кандидат, Зоран Поповски, доколку стане претседател, да
биде продолжена рака на власта ниту, пак, „контраш“, туку претседател на сите граѓани на
државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.