НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонските каратисти заминуваат на Европско првенство во Финска

0
By Biljana on August 17, 2021 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кривопаланечките карате шампиони, актуелни прваци во својата конкуренција утре заминуваат на Европското карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори во Тампере, Финска.

Вукашин Јовановиќ е петкратен шампион во својата конкуренција, а е актуелен државен првак во кадетска конкуренција до 63 килограми, а Јована Мицовска е актуелен државен првак во јуниорска конкуренција до 58 килограми.

Двајцата ги бранат боите на матичниот клуб КК „Шампион“, каде работат под менторство на тренерите Жарко Ангеловски и Стевче Христовски.

„Тренинзите и макотрпното вложување од мои пет години досега ме водат кон остварување на големиот сон, да се биде дел од големо Европско првенство во име на националната репрезентација. Гордост и чест е да се биде дел од тимот каратисти што ќе ги брани државните бои во Тампере и се надевам дека ќе донесеме медали за нови државни успеси. Индивидуалниот спорт е многу комплексно да се практикува, треба многу вложување, од исхрана, опрема, до средства за котизација, учество и патување, и за други првенства и турнири, досега, што паѓаат на товар на семејството, а и сега пред Европскиот настап, за што многу голема благодарност упатувам до оние што директно ме поддржаа, генералниот спонзор ГДР Компани и директорот Ненад Коцевски, како и на Советот на Општина Крива Паланка“, рече Јовановиќ.

Тој вети дека ќе даде сѐ од себе за да ја оправда довербата и на тренерите и на поддржувачите. Поддршка, како што рече, добивме заедно како кривопаланчани и јас и Јована, а во оваа прилика се заблагодарувам и на моите родители кои се постојано покрај мене и ме мотивираат да успеам.

Карате федерацијата исто така покрива 20 отсто од вкупниот износ за учество на првенството, а за конечно остварливо учество на Јовановиќ и Мицовска помогнале и повеќе добри луѓе од градот.

Вукашин Јовановиќ и Јована Мицовска ќе бидат дел од триесетчлената делегација каратисти и каратистки кои ќе заминат рано изутрина на Европскиот собир.

Јовановиќ е освојувач на бронзен медал на Балканско првенство во 2019 година.

карате
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.