Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД се надеваат дека со авиони дневно ќе евакуираат по 5.000 до 9.000 лица

0
By Biljana on August 17, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 17, 2021 20:59

Американската војска денеска соопшти дека ја засилува евакуацијата од Авганистани дека во оваа операција од аеродромот во Кабул не се попречувани од талибанците.

Генералот Хенк Тејлор изјави дека американските воени претставници на аеродромот во последните денови комуницирале со талибанските команданти и добиле уверување дека повлекувањето на илјадници американски државјани и Авганистанци, кои ја напуштаат земјата со американски воени авиони, ќе продолжи и во наредните денови.

„Немавме непријателски ангажмани, напади, закани од талибанците“, рече Тејлор, висок претставник на Здружената команда на началници на штабови на американската армија. Тој кажа дека откако аеродромот се отворил рано утринава, по неколкуте часа затворање поради загриженост за безбедноста, американската војска со седум лета евакуираше речиси 800 лица, вклучувајќи и 165 Американци.

Американското Министерство за одбрана во саботата испрати војници на аеродромот во Кабул за да ги брани излезните опции, додека талибанските бунтовници влегоа во Кабул по молскавична опсада низ целата земја и ја презедоа власта.

Тејлор рече дека од вчера бројот на американски војници е зголемен од 2.500 на околу 4.000 доцна попладнево.

Тој додаде дека САД имаат за цел да го зголемат воздушниот сообраќај до ниво од еден полет на час, за да можат дневно да превезат меѓу 5.000 и 9.000 патници.

„Убедени сме дека ги направивме вистинските чекори за да продолжиме со безбедни и организирани операции на аеродромот“, рече тој.

Некои други земји, вклучувајќи ги Германија и Франција, исто така, успеаја да спуштат авиони за да ги земат своите граѓани и Авганистанците, кои имаат одобренија да патуваат во тие земји.

Авганистан евакуација Авганоистан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.