Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, на Фејсбук објави дека од невремето паднало дрво во центарот на Скопје при што оштетило две паркирани возила.
Од Град Скопје информираа дека краткотрајното невреме кое го погоди скопскиот регион предизвика мали штети – прекин на електричната енергија во делови на Центар и Аеродром, прекин на телекомуникациската мрежа во неколку скопски населби, десетина паднати дрвја и неколку оштетени автомобили.
Град Скопје соопшти дека се проодни сите подвозници, a дека екипи на јавните градски претпријатија работат на поединечни локации.