НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КОВИД наметна нова туристичка реалност, неопходно е стратешки да се планира

0
By НОВА ТВ on August 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

КОВИД пандемијата наложи промени во сите сегменти од живеењето и неопходност од брзо прилагодување. Новата реалност во туризмот значи промена на таргетите и фокусот на пазари кон кои ќе се цели. Активниот туризам доаѓа во преден план, заедно со интересот за посета на еко-дестинации и престој во мали сместувачки капацитети. Профилот на турист кој ја посетувал нашата држава нема да е веќе истиот, туку ќе биде личност која бара безбедна дестинација, авантурист кој преферира патување во мали групи и користи напредна технологија, вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Пред приватниот сектор на која беа претставени плановите и чекорите за побрзо закрепнување на туризмот, Јаневски истакна дека првата половина на 2021 година во споредба со 2020-та се очекува да донесе раст.

-Лани немаше можност за патување. Согласно тоа, растот во бројот на туристи е 42,5 проценти, додека бројот на ноќевања расте за 54 отсто, но сеуште предничи домашниот туризам на сметка на странскиот. Следствено на овој тренд е и трендот на пораст на девизниот прилив кој е за 13,59 отсто повисок од лани, генериран најмногу од домашните и регионалните туристи. Примарните пазари, на кои припаѓаат 77 отсто од вкупниот број на ноќевања и 76 отсто од вкупниот број на туристи, се Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Турција, Полска, Србија, Холандија и Хрватска. Со 13,2 отсто учествуваат секундарните пазари во вкупниот број на туристи и 12,9 отсто во вкупнот број на ноќевања, а тука спаѓаат Украина, Словенија, Русија, Велика Британија, Италија, Шпанија и Германија, рече Јаневски.

Според него, промоцијата како основна активност на АППТ, за 2022 година предвидува зголемено присуство на саемски манифестации на примарните и секундарните пазари, но и маркетинг активности во истите. Промоцијата ќе биде зајакната преку продукција на 360 видео тури од туристички атракции, информативни патувања, продукција на нови електронски и печатени промотивни материјали, како и промотивни активности за нови туристички производи, како на пример за ИТ номади.

Во програмата на АППТ за 2022 година е предвидено да влезат и проекти за заштита на постоечките и обнова на старите занаети кои се во функција на туризмот, валоризација на граничните премини, изработка на туристички мапи и многу други кои ќе придонесат за остварување на очекувањата кои се во насока на 2.2-2.3 милиони ноќевања и над 300 милиони долари девизен прилив од ставка туризам.

Секако, неопходна е соработка и со други институции, од кои ќе се побара поддршка за создавање на платформа Е-посетители, означување на сите туристички локалитети, промена на моделот на субвенционирање на организираниот туристички промет и останати активности кои ќе придонесат за поголема промоција и полесно постигнување на самоодржливост на туриситчката индустрија.

Љупчо Јаневски туризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.