Меѓу оние коишто се на болничко лекување има и помлади пациенти, еден има 31 година, а вториот 47 години.
Коси коронавирусот во Тетово – за 24 часа во овој град се регистрирани најголем број починати досега – деветмина, а има 18 хоспитализирани позитивни на ковид-19. Тројца заболени вчера биле префрлени во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.
– Во моментов има 124 хоспитализирани пациенти, од кои 18 се нови, како максимум во цела пандемија. Сите починати се над 65 години, со коморбидитети. Меѓу оние коишто се на болничко лекување има и помлади пациенти, еден има 31 година, а вториот 47 години. Друг проблем е што имаме ситуации каде има пациенти со ковид, но примарни им се болести на срцето и други органи, за кои ние моравме да се консултираме во Скопје. Затоа вчера имавме транспорт на три пациенти во болницата „8 Септември“, изјави д-р Гзим Нуредини, раководител на ковид-центарот во тетовската болница.