НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изменет протоколот за влез во терминалните згради на аеродромите

0
By Biljana on August 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од ТАВ Македонија апелираат до патниците да ги почитуваат превентивните мерки против КОВИД-19 што се применуваат во аеродромската терминална зграда.

На аеродромите во државава од синоќа во 21 часот влез во аеродромските терминални згради е дозволен само со приложување: сертификат за извршена вакцинација протов Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина, или сертификат / потврда за прележан Ковид во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест не постар од 72 часа, или брз антиген тест не постар од 48 часа, пред влегување. Ова не се однесува на лица под 18 години.

Во известувањето до патниците на веб страницата на Меѓународниот аеродром Скопје е наведено дека е извршена измена на Протоколот на ТАВ Македонија за управување со аеродромите во време на пандемија.

„Согласно Одлуката на Владата за изменување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот Sars-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена извршена е измена на Протоколот на ТАВ Македонија за управување со аеродромите во време на пандемија“, стои во известувањето.

„Постојано носете заштитна маска, одржувајте физичко растојание, често дезинфицирајте ги рацете, практикувајте бесконтактни технологии за завршување на аеродромските процедури“, порачуваат од ТАВ Македонија.

ковид протоколи Меѓународен аеродром Скопје ТАВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.