НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-НП: Произволното толкување на Изборниот законик

0
By Нова ТВ on April 7, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Произволното толкување на Изборниот законик од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (поранешен Совет за радиодифузија)

Во членот 76-а од Изборниот законик стои дека бесплатното претставување на политичките партии на јавниот сервис МРТВ се дели во однос 1/3 на дневни настани од земјата и светот, 1/3 за претставување на кампањата на партии од власта и 1/3 за кампањи на партиите од опозицијата, при што внатре во третините времето ќе се распредели според резултатите од последните парламентарни избори, реагираат од ВМРО-Народна партија.

Според нив откако на седницата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги или поранешен СРД на 28.01.2014 година донесена е методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување во која истото што го пишува во Изборниот законик е запишано и во методологијата што ја усвојува Агенцијата, веќе на следната седница Агенцијата донесува методологија за измена и дополнување на методологијата каде што го менува начинот на одредување на третините што ќе ги користат партиите и вели дека не според резултатите од последните парламентарни избори како што е утврдено во Изборниот законик туку времето ќе се распредели согласно бројот на пратеничките места што го има освоено секоја партија на претходните парламентарни избори.

Од каде го црпи правото Агенцијата да се става над Законот и над Собранието како највисок законодавен орган во Р.Македонија што го донел овој Изборен законик и од каде право на Агенцијата произволно да го толкува Изборниот законик?, прашува партијата.

ВМРО-Народна партија на претходните парламентарни избори освои близу 30.000 гласови и во македонскиот блок беше на 3-то место веднаш зад коалициите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Според Изборниот законик, според тие резултати треба да ни припадне соодветна минутажа за бесплатно претставување на јавниот сервис, но според методологијата за измена на методологијата од Агенцијата нам не ни припаѓа ништо, сметаат од ВМРО-НП.

Тие најавија жестока реакција до Агенцијата и до Македонската радиотелевизија и до ДИК-ќе ги запознаеме и сите релевантни меѓународни субјекти кои ги набљудуваат изборите дека еден државен орган се става над највисокиот законодавен дом во државата.

Конечно, партиите кои што освоиле пратенички места на последните избори имаат околу 1.000.000 гласови, а оние партии кои не освоиле пратенички мандати освоиле околу 700-800.000 гласови, што значи дека поради кршењето на Изборниот законик и благодарение на сервилниот однос што го има Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и МРТВ кон власта огромен број на граѓани на ваков начин се наоѓаат во нерамноправна положба, лишени од правото да бидат информирани и во класична информациона изолација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.