Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сноуден: НСА ги шпионираше и активистите за човекови права

0
By Нова ТВ on April 8, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 8, 2014 16:03


– Не постојат законски мерки со кои би се спротиставиле на масовниот надзор, рече денеска протекувачот на информации Едвард Сноуден во неговото сведочење пред Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Своето обраќање, Сноуден го спроведе преку видео-линк од Москва.

Како што образложи во минатото, Сноуден и денес во сведочењето нагласи дека Националната агенција за безбедност на САД во соработка со другите разузнавачки служби од Европа, набљудувала и до најобични луѓе и тоа преку веб-камери во спалните соби, каде што се добивало материјал кој воопшто не претставувал закана за безбедноста.

Прашан дали се набљудуваат комуникациите помеѓу организациите за човекови права, Сноуден вели не само во САД, туку и надвор од нејзините граници. НСА ги нагледувала или таргетирала доверливите комуникации помеѓу некои од највисоките луѓе во организациите.

– НСА таргетираше лидери и работници на ваквиот тип на организации, како дома така и надвор, информираше Сноуден без да посочи за кои организации за човекови права се работи.

Во своето сведоштво посочи дека тој нема намера да и наштети на американската влада.

– Сакам да појаснам дека немам намера да и наштетам на владата на САД или да ги влошам билатералните односи помеѓу било кои земји. Мојата мотивација е да ги поправам владите, а не да ги урнам, вели поранешниот вработен во НСА.

Тој пред европарламентарците посочи и дека секаков вид на интернет сообраќај може да се следи и анализира со многу малку напор.

Според техниките, личноста се идентификува според одредена социјална, политичка или религиозна припадност, за која понатаму може да се прави посебно портфолио.

Сепак, Сноуден нагласи дека, владата на САД не подготвува никакви црни сценарија преку масовниот надзор, но напомена дека и покрај тоа се работи за уривање на приватноста на луѓето.

На сесијата освен Сноуден говореа и експертот по право Дауви Корф, како и Хансјорг Гајгер, поранешниот шеф на германската разузнавачка служба.

Токму Гајгер истакна дека во борбата против масовниот надзор, потребен е кодекс според кои би се воделе службите во Европа и како и помеѓу НАТО сојузниците, за кои рече, не смеат да работат една против друга.

Гајгер претстави четири правила според кои треба службите за интелегнција да постапуваат.

Hansjörg Geiger, the former head of Germany’s Federal Intelligence Service

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.