НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И државата е во кампања за партијата на власт

0
By Сашка Цветковска on April 8, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Службената страница на министерството за финансии служи и за партиски вести за промоција на изборната програма на ВМРО ДПМНЕ. Министри секојдневно се на терен со градоначалници и други функционери вршејќи, како што велат „увид“ во реализацијата на тековните владини проекти, а од партиските говорници високите функционери директно ја промовираат програмата на ВМРО ДПМНЕ, ветувајќи вработувања, бришење на долгови на граѓаните, субвенции и слично.

Ова е веб страницата на министерството за финансии. Ако отидете во секцијата „вести“ може да прочитате наслови и текстови во кои не се содржани активностите на институцијата, туку се промовира програмата на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ.

Од првите шест вести, дури пет претставуваат изборни ветувања на партијата

Тука се наоѓа и ветувањето кое предизвика реакции во јавноста, кога министерот за финансии Зоран Ставревски од позиција на член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ вети отпишување на долговите за струја, вода, кредити и слично на ранливите категории граѓани.

НОВА ја контактираше службата за односи со јавност во Министерството за финансии. Тие прво не убедуваа дека „нема ништо лошо“ што ставале такви вести, за потоа да ветат дека ќе испратат одговор на нашите прашања. Одговор се уште нема.

Eкспертите укажуваат дека овие активности во време на кампања се незаконски.

Поранешниот член на Антикорупциската комисија Драган Малиновски вели дека користењето на страницата на министерството за финансии за промовирање на партиската програма е претставува сериозна злоупотреба на државни ресурси. Но, вели тој, многу посериозни се ветувањата кои министрите ги даваат во кампањата, како она за отпишувањето на долговите на ранливите категории граѓани.

-Овде станува збор за класичен поткуп и има елементи на кривично дело и во кривичниот законик, значи тој што некому ветува, дава или ветува подарок или корист со цел да гласа тој за него,го прави кривичното дело поткупување на изборите. ДКСК и ДИК и јавниот обвинител на ова треба да реагира, бидејќи ова е исто како да излезе некој и да каже ќе давам по 20 евра на секој оној кој ќе гласа за мене.

И негови колеги од претходните состави на Комисија за спречување на корупцијата се согласуваат со констатациите на Малиновски. Ариф Муса вели дека ова е спротивно на повеќе закони.

-Сето ова е погрешно и согласно законот за финансирање политички партии и согласно изборниот законик и согласно законот за спречување корупција. Нивната положба како министри, функционери им дава поволности во однос на другите кандидати, станува збор за класичен изборен поткуп. Одлуката да се бришат долговите на граѓаните е пример за поткуп, вели Муса за НОВА додавајќои дека е време Антикорупциската комисија да се активира и да ги посочува неправилностите.

Вања Михајлова, исто така експерт по корупција и поранешен член на комисијата се согласува дека Антикорупциската комисија треба да реагира на злоупотребите.

-Вонредните исплати на субвенции и слично, покачувања на плати, па дури и масовните ветувања од страна на министрите дека се изборен поткуп и се спротивни на законот за спречување на корупцијата. Антикорупциската има мандат и мора да му даде гласност на проблемот,да превенира, да ги повика институциите, а не да молчи, вели Михајлова.

НОВА се обрати и до Државната комисија за спречување корупција. Портпаролот на комисијата побара прашања по електронска пошта, на кои се уште немаме одговор. НОВА веќе има документирано база на неодговорени пораки до Антикорупциската комисија во последнава година, но се уште веруваме дека еден ден ќе смогнат сили и ќе ги одговорат како ова, така и другите наши прашања. Ниту нашата критичка анализа за нивната работа со наслов Антикорупциска – што беше тоа?! која можете да ја погледнете подолу не ги испровоцира да не демантираат со одговори или можеби интервју.

Минатаите локални избори ќе останат запаметени по тоа што Антикорупциската комисија и даде „дозвола“ на владата да објавува огласи за вработување за време на изборната кампања. Експертите тогаш бурно реагираа дека не само што комисијата нема воопшто таков мандат, туку и дека свесно поддржала кршење на законите.

Злоупотребата на државни ресурси во кампања, како и „неможноста да се направи јасна граница помеѓу партијата и државата“ се дел од забелешките во извештаите на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР веќе неколку изборни циклуси.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.