НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиски членови среде кампања „ажурираат“ податоци на оштетени од поплави

0
By Томе Христов on April 9, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Партиски активисти вчера напладне собираа податоци од граѓаните во општина Василево кои беа оштетени за време на поплавите минатата година. Екипата на НОВА беше на лице место во селото Пиперово каде што ги затекна двајцата членови на месни комитети на ВМРО ДПМНЕ заедно со жена која одби да се претстави, но која според кажувањата на присутните, рекла дека е член на државна второстепена комисија која одлучувала по поплаките од општинските проценки за утврдување на штетите од ланските поплави во струмичко. Тие собираа лични податоци од граѓаните и имотни листови, со цел, како што им било кажано „да се утврди зошто не им е исплатена штетата“.

Оштетените жители кои чекаа на ред да влезат внатре кажаа дека се дојдени за штетите од ланските поплави.

„На мене ми кажаа дека се има направено некаква грешка и дека треба да се исправи, но за тоа ќе биде потребно време за да се внесе компјутерски, изјави еден од оштетените жители на Пиперево.

Иако на почетокот слободно влеговме во просторијата каде што се собираа податоците, штом се претставивме дека сме новинари присутните „попишувачи’ не избркаа. Тие одбија да одговорат што прават во Пиперово и за која цел се собираат податоците. Се обидовме да добиеме одговори и од општината Василево. Прашавме зошто партиски членови, наместо општинска или државна администрација учествуваат во собирањето податоци, за која цел се собираат и дали станува збор за злоупотреба на државните ресурси во партиски цели.

двајцата членови на ВМРО ДПМНЕ со анонимната жена од Скопје


Граѓани чекаат ред со надеж дека поплаките ќе им бидат уважени, а штетите од поплавите надоместени

Телефонски ни беше речено дека не можат да ни одговорат без одобрување од градоначалникот кој во моментот бил на состанок. Ниту подоцна во текот на денот не добивме одговор.

НОВА го провери идентитетот на лицата кои собираа податоци заедно со анонимната жена и откри дека не се вработени во општината, туку се самостојни земјоделци. Едниот од нив е Илчо Иванов, претседател на месниот комитет на селото Пиперово на ВМРО ДПМНЕ, додека другиот е Наце Коцев, член на истиот месен комитет на партијата.

Минатата година од поплавите струмичкиот регион претрпе штети од 4.3 милиони евра. Тогаш се формираа комисии за утврдување и проценка на штетите во самите општини (општина Струмица и општина Василево). Незадоволните оштетени граѓани чии пријави не беа прифатени подоцна се жалеа во владината второстепена комисија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.