Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Мерки за да се задржат младите во Македонија

0
By Нова ТВ on April 11, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 11, 2014 20:40


Зоран Заев, претседателот на СДСМ од демир – хисарскиот регион најави неколку мерки од програмата коишто се однесуваат на младите, за вработување и нивната подобра перспектива

-Од сетот на мерки коишто постојат во програмата, преку 50 конкретни мерки со конечна цел ги задржиме младите во оваа наша земја. Овој е еден од нашите региони каде што имаме и тоа како силно напуштање на младите надвор од државата.

Би сакал да споменам неколку мерки. Една од мерките е гаранција за млади. Значи, 30 милиони евра годишно директни средства од буџетот на Република Македонија за вработување и нивно подготвување или доквалификување како млади луѓе за барање на работа.

Овде би ги споменал осумте плус осум инкубатори којшто значат отворање и поддржување на 320 бизнис идеи за самовработување на младите распоредени регионално подеднакво на целата територија на Македонија, каде што очекуваме пред се, илјада годишно млади луѓе да станат свои сопствени газди отворајќи сопствени бизниси, а притоа да отворат и дополнителни 5000 нови работни места.

Другите мерки се во еден сет на државни стимулации и бенефиции како ослободување од социјалните придонеси, персоналниот данок и данокот на добивка, за сите работодавачи коишто ќе вработат млади луѓе. Со овој сет на мерки очекуваме годишно да се отворат помеѓу 5 и 10 илјади нови работни места токму за младите луѓе во Република Македонија.

Би ги споменал мерките за младите во делот на студирањето, отворањето на новиот студентски град во главниот град на Република Македонија, како и реновирањето на студентските домови. Бесплатниот превоз за студентите во самиот главен град и меѓуопштинскиот превоз за самите студенти.

Вкупно во програмата како што реков има преку 50 конкретни мерки само за младите. Се надеваме дека оваа програма многу скоро ќе го види светлото на денот за конечно да си ги задржиме младите овде, да обезбедиме достоинствен живот за нив, како и достоинствена плата за животот коишто ќе го креираат овде во своите огништа во својата Република Македонија, изјавил Заев, како што соопштува СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.