Коалицијата „Излези да гласаш“ која ги набљудува изборите како претставник на граѓанскиот сектор, а која, според нивните тврдења е составена од дури 100 невладини организации чија цел е непристрастно да го следат гласањето и да информираат за евентуални неправилности е предводена од видни локални партиски членови на ВМРО ДПМНЕ и поранешни функционери во општински органи, открива НОВА.
Невладината организација Синергија од Штип кој досега единствено се огласи како предводник на коалицијата „Излези да гласаш“и која на јавен оглас бараше волонтери-набљудувачи за овие избори ја предводи екс-советничка во општината Штип од страна на една од ВМРО ДПМНЕ и екс-директор на штипската библиотека. Станува збор за Вилма Јованова која според документите од Централниот регистер се јавува како овластено лице на невладината Синергија. Јованова долго време е дел од оваа организација, а на позицијата советник беше во претходниот советнички состав.
Оваа организација има соработувано на проекти и со градската библиотека и со општината Штип, а е корисник на грантови од Владата на РМ.
„Излези да гласаш“ денеска е присутна со чести соопштенија во кои информира дека гласањето се одвива „без неправилности и нарушувања на изборниот процес“. Тврдат дека имаат над 5.000 акредитирани набљудувачи распоредени во 69 општини. Во сите изјави од денеска констатираат дека „гласањето на сите избирачки места „тече во фер и демократска атмосфера“.
Покрај нив, изборите ги набљудуваат и невладината „Мост“, како и невладината „Цивил“. Двете организации информираат за бројни нерегуларности во текот на гласањето.
Повикот на Синергија за волонтери набљудувачи
документи од Централен регистар