Министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети како и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи денеска извршија увид во реконструкцијата на патниот правец Буковиќ-Раовиќ кој е еден од 94-те проекти од ТАВ програмата за поддршка на општините.
Се работи за пат долг шест километри со вредност на инвестицијата од 47 милиони денари.
Министерот Бектеши истакна дека со реализација на овие проекти во сите општини Владата има за цел да го подобри квалитетот на животот на граѓаните.
“За сите проекти кои покажаа економска оправданост предвидовме средства. Во соработка со компанијата ТАВ беа избрани проекти кои што се јавен интерес, како што се локални патишта, водовод и канализација, училчишта, градинки и други проекти. Нашата главна цел е со реализација на вакви проекти да го подобриме животот на граѓаните во сите општини низ државата. Тука во општина Сарај директно од програмата на ТАВ ќе се реализираат два проекти, а дополнително ќе се реализира и проект за изградба на спортска сала. Со ова покажуваме дека локалната власт заедно со централната власт може да реализира проекти во краток рок“ кажа министерот Бектеши. Од локалната самоуправа и се заблагодарија на Владата што овој пат го ставиле во приоритетните за решавање со средствата за помош на оптштините на ТАВ .