НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Филипче: Утринава е извршена петтата трансплантација на срце

0
By НОВА ТВ on August 25, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На клиниките за Кардиохирургија и Урологија беше извршена трансплантација на срце и бубрези од починат донор. По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот.

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека утринава е извршена петтата трансплантација на срце во земјава. Хируршката интервенција е завршена, а пациентот ова деноноќие ќе биде на респираторна машина, а од утре ќе го будат. Ова, вели Филипче, е критична фаза, за која се надева дека нема да има позначајни компликации.

– Навистина ми е мило што со овој чин е спасен човечки живот и е подобрен квалитетот на двајца други пациенти. Сакам најпрво да изразам голема благодарност до семејството на починатата пациентка којашто за жал имаше спонтано крварење во главата, мозокот и практично беше дијагностицирана мозочна смрт. А, нејзиното семејство (сопругот, братот) ја испочитуваа нејзината волја и желба којашто ја искажала уште за време на животот, а тоа е во случај на евентуална смрт да се донираат нејзините органи. Токму благодарение на тој еден навистина чин на човекољубие, беше трансплантирано срцето на 66 – годишен пациент, за којшто немаше друга алтернатива, не беше кандидат за вештачко срце, а неговото срце работеше со капацитет помал од 20%, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Директорот на Клиниката за кардиохирургија Сашко Јовев изјави дека операцијата поминала добро и дека пациентот засега е добар.

– Се надеваме дека така ќе остане и понатаму, рече Јовев.

Министерот Филипче изјави дека се завршени и другите две операции, односно трансплантацијата на бубрези.

– Други двајца 40 – годишни пациенти повеќе нема да одат на хронична дијализа и ќе имаат нормален живот. Сакам да им честитам и навистина сум горд на тимовите коишто ова го направија. Ние во изминатите години навистина во тешки услови, во пандемија со Ковид, интензивно работевме да го зајакнеме здравствениот систем и да го зајакнеме и во други полиња. Благодарение на тоа сега имаме одлично поставен систем. Нашите експерти водени од професорот Јовев, кои во тимот го имаат консултантот од Франкфурт, нашиот кардиохирург Петар Ристески, самостојно ја извршија оваа трансплантација на срце. Учествуваа и повеќе наши кардиохирурзи, анестезиолози… и секако тим предводен од националниот координатор за трансплантација, д-р Мојсова, којашто во тој дел на идентификување на пациенти со мозочна смрт навистина направија се што можеа да направат да се зајакне системот и сега ние ги гледаме тие резултати. Ова се чекори и постапки во нашиот здравствен систем којшто во делот на трансплантацијата не носат на рамниште еднакво со развиените европски земји, вели Филипче.

Според министерот, овие случаи на успешни случаи имаат големо значење во општеството.

– Сведоци сме дека се подига свеста кај граѓаните за органодарителството. Еве и овие чинови на трансплантација значат дека еден живот е спасен на други двајца пациент животот целосно ќе им биде сменет во смисла на тоа да не мораат повеќе да одат на дијализа, туку ќе имаат нормален живот, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

За националниот координатор за трансплантација Маја Мојсова Мијовска, нема поблагороден чин од органодарителството.

– Со самите дела што ги правиме и кампањата што ја започнуваме во однос на подигнување на свеста на органодарителството видиме дека фамилиите разбираат за што зборуваме и знаат дека доколку се работи за мозочна смрт, останува дел од нивниот близок кој ќе работи во друго тело, изјави Мојсова-Мијовска.

Од мај 2020 година до сега извршени се експлантации од 7 починати донори, а трансплантирани се 5 срца, 12 бубрега, 1 коскено ткиво.

Срцето на хуманата сограѓанка продолжи да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот

 

„Макам-транс“ Бубрег Срце Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.