Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Автомобилскиот висечки мост „Љубљанска“ – нов симбол на Скопје, најавија Заев и Шилегов

0
By НОВА ТВ Balaban on August 26, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 26, 2021 10:52

Се работи за капитален проект и архитектонско чудо кое има претензија да стане нов симбол на Скопје

Во наредните 18 месеци се очекува да биде готов автомобилскиот висечки мост „Љубљанска“ што ќе ги поврзува улицата „Скупи“ со булеварот „Илинденска“. Мостот вреден шест милиони евра, ќе биде широк 24 метри и четири коловизни ленти, пешачки и велосипедски ленти од двете страни, а ќе значи нова врска и спојување на градот, граѓаните и нивна комуникација.

Како што најавија премиерот Зоран Заев, првиот заменик–премиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и градоначалникот на Карпош Стефан Богоев кои направија увид во почетокот на изградбата на мостот, се работи за капитален проект и архитектонско чудо кое има претензија да стане нов симбол на Скопје.

– Мостот „Љубљанска“ е прв висечки и ќе биде запамeтен како архитектонско чудо. Ќе ја растовари и избалансира сообраќајната фреквенција, ќе овозможи брз пристап од скопската Обиколница до Општина Карпош, поврзување на општините Ѓорче Петров, Бутел, Чаир и Шуто Оризари, ќе значи нова и подобра комуникација не само на Скопје, туку и на граѓаните, истакна премиерот Заев.

Според Шилегов, се очекува мостот да биде во функција кон средината на 2023 година.

-За само четири години почнуваме со изградба на вториот мост, кој на секој начин е спојување на градот, луето и нивна комуникација, истакна Шилегов.

Средствата за изградбата се обезбедени преку ТАВ програмата.

На настанот што го организира Град Скопје, присуствуваат и претставници од раководството на компанијата ТАВ, Метин Батак, Неџат Курт и Фатих Кан.

„Илинденска“ „Љубљанска“ „Скупи“ висечки мост Зоран Заев изградба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.