НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Режисерот Борис Геретс – лауреат на наградата “АСТЕР”

0
By Нова ТВ on April 15, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Режисерот Борис Геретс (Boris Gerrets) е овогодишен добитник на престижното признание АСТЕР за високи достигнувања во европската и светската филмска уметност.

Наградата ќе му биде доделена на отворањето на 10-тиот јубилеен Интернационален филмски фестивал „Астерфест“, на 27 мај во Струмица, каде што тој ќе присуствува како специјален гостин – лауреат. Борис Геретс е меѓународно признат автор на документарни филмови и докажан визуелен уметник и монтажер. Роден во 1948 во германско-бугарско семејство, растел во Холандија, Шпанија, Сиера Леоне и Германија. Живее помеѓу Лондон и Амстердам.

Филмовите на Борис Геретс се гро-планови на локални средини, кои тој ги опишува како „биотопски истражувања“.

Пребарува по анонимноста на урбаниот простор, со што на виделина го вади животот на работ, којшто често останува непознат за случајниот минувач. Така доаѓа до неочекувани средби кои го водат наративот на неговите филмови. Геретс гледа на камерата како на алатка која создава социјална динамика меѓу него и неговите протагонисти.

Процесот на монтажа за Геретс е начин на соголување и реконфигурирање на она што е насобрано во реалноста, во феноменолошки простор кој говори за човечката состојба. Неговата улога на режисер и процесот на снимање филмови се секогаш од голема важност – или имплицитно или експлицитно – додека тој намерно го истражува јазот меѓу фактичкиот настан и неговото фиктивно и поетско значење. Кинематичкиот пристап на Геретс содржи силна перформативна компонента и во голема мера се потпира на неговото мултидисциплинарно искуство во визуелните уметности, танцот и театарот.

Филмот на Борис Геретс, „Човекот што бев и можеби сум“ (2010) доби критичко признание во светот, освојувајќи над 12 меѓународни награди во повеќе категории, а меѓу нив се: „IDFA“ за најдобар среднометражен документарец (Амстердам, 2010), „Visions du Réel“ за најдобра режија на среднометражен документарец (Нион, 2011), „Festival dei Popoli“ за најдобар етно-антрополошки филм (Фиренца, 2011) и „TIDF“ – Големата награда за меѓународен среднометражен и краткометражен филм (Тајпеј, 2012). Геретс има предавано и држено мастер класи за филм на голем број локации низ светот – неодамна во „Centro de Capacitacion Cinematografica“, Мексико Сити (2011), „EDN Seoul“, Кореја (2011), „EICTV“, Куба (2013) и Универзитетот во Единбург (2013).

Борис Геретс е добитник на „Prins Bernhard Cultuurfonds“ (2013), грант кој му е доделен поради тоа што е на „врвот на уметничкиот и наративен филм“ и за „неговата потрага по нови форми и границите на документарниот жанр“. Во манастирот на Пресвета Богородица Елеуса во Велјуса на 28 мај ќе бидат одржани традиционалниот Астер портрет и Тивериополските филмски беседи во чест на овогодишните лауреати Борис Геретс и Љупка Џундева. Исто така, на 30 мај Геретс ќе одржи мастер клас, а на крајот од фестивалот, во чест на наградените, ќе биде прикажан неговиот најнов документарен филм „Човек-сенка“ (“Shado’man”).

Тоа е филм за група пријатели, од кои секој се соочува со сериозни физички и психолошки предизвици, преживувајќи на мрачните улици во Фритаун. Филмот навлегува длабоко во нивниот живот, раскажувајќи приказна за хуманост и достоинство во свет кој нуди многу малку утеха.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.