Оваа година Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ Скопје одбележува 70 години од своето постоење.
Одбележувањето на јубилејот симбоично го започнуваме со традиционалната изложба на порцелански и гипсани јајца, графики, фрески и икони, цртежи и слики изработени од учениците во нашето училиште по повод големиот христијански празник Христовото Воскресение.
Изложбата ја реализираме во НУ „Музеј на Македонската борба за државност и самостојност“ Скопје со кој имаме одлична соработка ,која резултира со реализација на заеднички проекти, еден од тие проекти е изложбата Велигден 2014 година.
Отворање на изложбата 16.04.2014 год, во 19 часот во НУ “Музеј на Македонската борба за државност и самостојност“ Скопје.