Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА снимки од инцидентот во Радишани

0
By Сашка Цветковска on April 15, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 15, 2014 14:47


Сопствениците на куќата во Радишани тврдат дека Јанкуловска лаже кога вели дека инцидентот ноќта на изборите почнал поради сообраќајка. Во разговор за НОВА тие велат дека групата млади луѓе почнале да им се дерат под прозорот во куќата: „шиптари излезете да гласате, селете се од државата“. Според нивните тврдења, младите дошле од штабот на ВМРО ДПМНЕ кој се наоѓа веднаш до нивната куќа, а кои во моментот ја славеле победата на првиот круг од изборите.

Потоа излегол еден од сопствениците на куќата и почнала расправија надвор, по што според трдењето на Феми Зекири, толпата се втурната кон нив и тој и неговото семејство биле нападнат од 10-тина луѓе. Видеото започнува од моментот кога помладо лице дискутира со некого од куќата, по што потоа од куќата излегуваат уште две лица од кои едното го удира лицето кое разговара со член на семејството. Потоа истрчуваа толпа лица, по што настанува хаос во кој влетува и возило кое се втурнува во толпата. Евидентно е дека на почетокот на видеото недостасува една минута од снимката.

Велат дека во прилог на нивните тврдења се и снимките од безбедносните камери на нивната куќи. Со НОВА ги споделија снимките и граѓаните можат сами да видат што се случувало. Во видеото погледнете ја изјавата на Феми Зекири.

Вчера при оценката на изборниот тек, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за настанот во Радишани истакна дека според информациите од МВР станува збор за сообраќајна несреќа која подоцна ескалирала во физичка пресметка, но не е поврзана со изборите.

Зекири тврди дека единствената сообраќајка која се случила вечерта била во моментот кога толпата се втурнала во нив со возило да ги прегази, за што сведочи и снимката, како што вели тој. Во инцидентот е повредена неговата мајка и син.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.