НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петмина починаа од ковид-19 во штипската болница

0
By НОВА ТВ Balaban on August 30, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Починати од новиот бран се четири лица, од кои три се невакцинирани, а еден пациент кој бил вакциниран со две дози, бил на возраст над 70 години и со  коморбидитети

Петмина пациенти од источниот регион на земјата ја загубија битката со коронавирусот во изминатите 24 часа во штипската Клиничка болница. Станува збор за пациенти од Радовиш, кочанското село Спанчево, Делчево, а две починати лица се од Штип.

Во штипскиот ковид-центар денеска се хоспитализирани вкупно 53 лица, од кои 45 се во модуларната болница, а осум лица се на Кожното одделение, кои се стабилизирани по третманот во модуларната болница. Според податоците од болницата, 37 лица се на кислородна поддршка, а во дневната амбуланта имаат 27 прегледи.

Од Центарот за јавно здравје-Штип денеска објавија детална анализа во која се вели дека во Штип од почетокот на пандемијата до денес се регистрирани 5.229 позитивни лица, починати се 150, оздравени 4.895, моментално активни се 186 лица.

Мал дел од активните случаи се вакцинирани и имаат лесна клиничка слика. Починати од новиот бран се четири лица, од кои три се невакцинирани, а еден пациент, кој бил вакциниран со две дози, бил на возраст над 70 години и со  коморбидитети. Забележани се и по еден случај на новозаразени во три штипски конфекции, кои се инфицирале преку семејни контакти.

Коронавирус починаа штипската болница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.