По настапите во Архус во Данска, во Глазгов, во Лондон и Фиренца, музичко сценската претстава, „Инсомнија“ од 22 до 27.април ќе гостува на реномираниот Театро Васчело во Рим.
„Инсомнија“ ќе се прикажува на 25-ти, 26-ти, и 27-ми април.
Во склоп на гостувањето во Италија, организирана е и сценско музичка едукативна работилница за актери на 22, 23, 24.април од 10 до 13 часот и сценски настап со учесниците на 26.април од 12 до 14 часот.
„Инсомнија“ е претстава од забавен карактер, која кај децата и возрасните провоцира мисла. Смешна е и динамична, а се доживува како патување низ разни стилови и жанрови на музиката, танцот и театарот.
Режисер на претставата е Таг Ларсен, а композитор Никола Коџабашија.