Доколку се појави позитивен случај во училиште, епидемиолозите ќе проценат дали паралелката ќе треба да се префрли на онлајн настава или таа да се изведува комбинирано, рече Филипче.
Mинистерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција изјави дека ситуацијата се стабилизира, Р факторот на преносливост на вирусот веќе е намален под еден и изнесува 0,9. Бројот на новозаразени денеска ќе биде помалку од 900.
– Бројките се намалуваат и мерките даваат резултати, се надевам дека тој тренд ќе продолжи. Сите анализи укажуваат дека училишната година треба да почне со физичко присуство. Единствениот начин да им се помогне на децата е да се вакцинираат возрасните, за да се заштитат родителите и постарите лица. Доколку се појави позитивен случај во училиште, епидемиолозите ќе проценат дали паралелката ќе треба да се префрли на онлајн настава или таа да се изведува комбинирано, рече Филипче.
За граѓаните кои, од разбирливи причини, бараат онлајн настава, министерот Филипче порача дека доколку се влошува состојбата или вирусот почне да се шири во училиштата, подготвени се алтернативни решенија. Во тој случај, здравјето на децата нема да биде доведено во прашање. Со оглед на тоа што искуството од минатата година покажа дека трансмисијата на вирусот во училиштата беше прилично ниска, нема такви очекувања.