НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ ја има најдобрата програма во југоисточна Европа

0
By Нова ТВ on April 17, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, синоќа одржа митинг во Прилеп.

Обраќајќи им се на присутните во спортската арена „Сонце“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски рече дека на овие избори партијата излегла со најдобро осмислената програма во досегашната историја на Република Македонија. И не само тоа туку, како што истакна Груевски, ВМРО-ДПМНЕ ја имала една од најдобрите програми во југоисточна Европа што било која партија досега ја направила.

Груевски смета дека на 27 април опозицијата ја очекува лавина од гласање за ВМРО-ДПМНЕ и за Ѓорге Иванов.

„Ако ова беше стечај, на 27 април ќе биде ликвидација. На Заев му е јасно дека бројката ќе биде многу поголема. Нему му е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ е на чекор до 62 пратеника. Само малку ни недостасува, еден чекор. Затоа е таа нервоза, затоа е сега влегувањето во ново сценарио на клеветење, на манипулирање, на оцрнување“, рече Груевски.

Како еден од поголемите успеси во времето на неговото владеење, тој го смета намалувањето на стапката на невработеност од 38% на 28%, што се должело на новоотворените 120.000 работни места. Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во следните 4 години планирано било отворање на нови 64.000 работни места, со што невработеноста ќе била сведена на 22%.

На присутните приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Груевски им ја соопшти веста дека, веднаш после изборите, ќе биде потпишан договорот за стратешко партнерство помеѓу прилепскиот Тутунски Комбинат и Филип Морис.

Стратешкото партнерство ќе се реализирало преку формирање на ново Друштво со ограничена одговорност, во кое Филип Морис ќе имал 51%, а Тутунски Комбинат 49% учество во капиталот. Новоформираното друштво ќе било одговорно за производство, дистрибуција и продажба на брендовите од заедничкото портфолио на домашниот пазар.

Како што истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, со договорот дополнително се обезбедувало и производство на поголеми количини ориентален тутун за потребите на Филип Морис, како и дополнителни средства за инвестиции, осовременување на производството и подобрување на продуктивноста на комбинатот.

Посебно порака Груевски упати до граѓаните кои не излегле да гласаат во првиот круг на претседателските избори, до неопределените, до оние кои сѐ уште не одлучиле кому да го дадат својот глас, како и до сите кои имаат намера да гласаат за помалите партии, велејќи дека гласот даден за нив, бил залудно потрошен глас.

Кандидатот за претседател Ѓорге Иванов, рече дека во неделата граѓаните го поддржале неговиот јасен концепт.

„Покажавме дека имаме чувство за државност, дека си ја сакаме државата. Македонија има успешна надворешна политика, за што говорат петте позитивни извештаи и петте препораки за почеток на преговорите со ЕУ“, потенцираше Иванов.

На митингот говореше и носителот на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 4, Зоран Ставревски, кој рече дека од проектот за еднократен отпис на долговите, корист ќе имале 50.000 семејства.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.