Најразлични ресторани низ светот докажуваат дека за шмек не ти е потребен голем простор. Некои ресторани имаат простор за само една маса. Од Лас Вегас до Финска, ова се петте мали ресторани низ светот кои нудат нешто поразлично.
Eenmaal – Amsterdam, The Netherlands
Ресторан во кој не се планира состанок. Овој вагонресторан, кој е отворен само неколку пати во годината, има место само за луѓето кои сакаат сами да уживаат во храната. Дело е на Марина ван Гор, креиран во 2013 година. Менито се менува во однос на сезоната.
Dinner in the Sky – Las Vegas, United States
Ресторан со 22 седишта, не е најмалиот, но со столчиња и маси на 55 метри височина, го прави еден од најчудните. Тоалетот е достапен за гостите, доколу го известат келнерот. Тој го спушта „ресторанот“ на земја.
Holzknechthuette – Carinthia, Austria
Декорот и кујната во овој ресторан е наменет за „дрвосечачот“. Ресторанот има капацитет да послужи само четворица во исто време.
Solo Per Due – Vacone, Italy
Еднособен италијански ресторан. Еден од најмалите во светот, но и еден од најромантичните. Сместен е во куќа од 19.век а има капацитет да послужи само двајца во исто време. Во вечерата вклучен е ручек или вечера со избор помеѓу риба или месо, кои чинат 250 евра по човек.
Kuappi – Isalmi, Finland
Во само осум квадратни метри, овој мал ресторан има простор само за двајца муштерии. Во еден убав ден, има простор за уште двајца на терасата. Подготовката на храната се прави во друг, паралелен ресторан. Поради структурата, ресторанот се отвора само во најтоплите денови од месец јуни до август.