Италијанскиот авиопревозник „Алиталиа“ воведува нова директна линија Скопје-Рим со летови секој ден, почнувајќи од 2 мај. Билетите за овој нов лет на компанијата веќе се во продажба на сајтот www.alitalia.com или во туристичките агенции и билетарниците на Алиталиа.
Летовите ќе се реализираат меѓу скопскиот аеродром „Александар Велики“ и аеродромот „Фјумичино“ во Рим.
Промотивната цена на билетите изнесува 99 евра за Рим, 149 евра за остатокот на Италија и од 199 евра за европските дестинации преку Рим. Овие авиобилети ќе бидат на продажба ограничен период, од 20 до 30 април.
Во текот на месец мај Алиталиа ќе започне со работа на редуциран распоред со 30 повратни летови во текот на месецот Рим – Скопје – Рим, додека во јуни со целосен распоред на секојдневно летање, соопштија од авиокомпанијата.
Алиталија го назначи ВАС Тур Оператор ДОО Скопје, како генерален агент за територијата на Македонија. Почнувајќи од мај ВАС Тур Оператор во име на Алиталија, ќе им понуди на клиентите комплетна услуга: информации, резервации и авиобилети, обезбедување на поддршка за туристичките агенции.