НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Селмани: Борбата не завршува на Уставен суд, ќе одиме во Стразбур за 24 Декември

0
By Сашка Цветковска on April 17, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија за НОВА вели дека тие ќе поведат постапка пред Судот за човекови права во Стразбур откако вчера Уставниот суд ги одби двете барања за заштита на слободите и правата поднесени од шест новинари и од ЗНМ поради насилното отстранување на новинарите од собраниската сала на 24 декември 2012. Селмани вели дека засега ќе се воздржи од коментари за самата пресуда бидејќи се уште ја немаат добиено истата.

-Не можам да спротиставувам аргументи во моментов од проста причина што се уште не сме го добиле образложението од Уставниот суд. Откако ќе ја добиеме ќе ја разгледаме и ќе одговориме. Но, ситуацијата е чиста и ние не се откажуваме, овој случај ќе оди до Стразбур, категоричен е Селмани.

ЗНМ и адвокатот ќе чекаат да го добијат образложението и детално да го разгледаат, но, велат, за нив е чудно зошто Уставниот суд не ги поканил на расправата.

-Обично иницијаторите се канат на расправите. Оттука, мене ми е чудно зошто ние не бевме поканети, еве, ако не да учествуваме, барем да ја слушаме нивната расправа и аргументите кои ги изложиле таму. Тие ќе речат дека објавиле на нивниот веб сајт број од предметот со расправата, но тоа е број, не може да се каже дека тоа ја одразува волјата да не повикаат, вели претседателот Селмани.

Според информациите од Уставниот суд кои вчера ги објавија медиумите, барањето е одбиено оти судот проценил дека физичкото отстранување на новинарите од галеријата на собраниската сала настанало поради конкретна ситуација на ескалација на хаос и безредие, а целта била да се заштитат новинарите и да се обезбеди ред во салата.

Барањето за заштита на слободите и правата поднесено од ЗНМ е одбиено од процедурални причини, бидејќи подносител на такво барање можело да биде само физичко лице.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.