Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бочварски: Ги надминавме проблемите, интензивно се гради експресниот пат Градско-Прилеп

0
By НОВА ТВ on September 2, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 2, 2021 13:52

Експресниот пат Градско – Прилеп е приоритет за Владата и има големо економско и социјално значење за целиот регион, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој со директорот на претпријатието за Државни патишта Ејуп Рустеми денеска извши увид на работите на делницата Дреново-Фариш.

На експресниот пат Градско-Прилеп досега се изградени по 35 отсто од двете делници Градско – Дреново и Дреново – Фариш, а патот во вредност од 64 милиона евра ќе биде готов до јули 2023.

Според Бочварски, надминати се сите проблеми со изградбата.

-На втората делница од Дреново до Фаришката клисура бележиме засилени градежни работи за доизградба на овој патен правец. Во соработка со ЈП за државни патишта успеавме да ги надминеме сите проблеми и сега имаме чиста траса на која во наредниот период очекуваме да има силна градежна активност. Вредноста за изградба на оваа делница е 33,3 милиони евра. Претходно беа реализирани 35 проценти а сега новиот изведувач компанијата „Синохидро“ има обврска да го доизгради преостанатиот дел.  Крајниот рок е месец јули 2023 година, но моите очекувања се дека тоа може да се случи и порано, пред рокот. Ме охрабрува фактот што и првата делница од Градско до Дреново, изведувачот работи со макисмално темпо, така да очекувам овој експресен пат да биде финиширан средината на 2023 година, изјави Бочварски.

Активно се работи на подготовка на тендерската  документација и за третата делница од селото Беловодица до каменоломот Маврово и проширувањето со по уште една лента во двата правцц на потегот од мостот на Ленишка река до влезот на Прилеп. Бочварски очекува до крај на годинава да се распишеме јавен повик за изградба.

-Во меѓувреме започнуваме и со рехабилитација на третата лента на Плетвар. Преку ЈП за одржување на магистрални и регионални патшта, се реконструира потегот од мостот на Ленишка река до влезот во Прилеп, рече Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми нагласува дека овој пат е еден од најзначајните патни правци во државава, каде што дневно поминуваат и над 6 илјади возила од сите категории. Интензивни се активностите на делницата Дреново-Фариш.

-Оваа делница во должина од 10,2 километри за која се издвоени 33,3 милиони евра, средства обезбедени од ЕБОР, ја презеде „Синохидро“, а надзор е „Геинг“ и очекуваме поголем ангажман во започнатата изградба. Во моментов се изведуваат припремни работи, односно пристапни патишта,  механичарски и армирачки работилници и технички постројки. Ширина на делницата Дреново-Фариш е променлива. Пет километри се со асфалтна платформа од 12,4 метри што одговараа на експресен пат, а преостанатите повеќе од 5 километри се со платформа од 17 метри што одговара на автопат со намалена ширина, рече Рустеми.

Тој посочи дека на само десет километри растојание во овој појас се градат два тунела, 21 мост, 5 подвозници, 11 потпорни ѕидови, еден кружен тек  на локалниот пат со клучкакај Дреново и еден вијадукт, што говори за каков тешко пристапен терен станува збор,

Изградбата на првата делница Градско – Дреново ја презема компанија Штрабаг, која интензивно работи, а Надзорот е доверен на ЕГИС.

-Започнавме и со рехабилитација на патниот правец Фаришка клисура–Прилеп, превој Плетвар, во должина од 19 км и вредност од 5,6 милиони евра со што значително ќе се подобри патната инфраструктура на кракот Д на Паневропскиот транспортен коридор 10, изјави Рустеми.

бочварски Градско Прилеп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.