„Постојаното игнорирање на нашите повеќегодишни барања до Владата за враќање на Вакафот и за дозвола за обнова на Бурмали џамија, за жал го достигна највисокиот степен на институционална дрскост, дозволувајќи почетни работи за изградба на хотелот“, изјавија од Коорданативниот совет на невладини организации.
Градежните зафати се диерктен удар и провокација на исламската заедница во целост, како и загрозување на меѓуетничките и меѓуверските односи во земјава.
Невладините бараат да се прекине Владата, Општина Центар и од Град Скопје да се прекинат со зафатите на парцелата и сериозно да се разгледаат нивните повеќегодишни предлози за обнова на верскиот објект.
„Затоа бараме и од албанскиот политички субјект во Владата и од претставниците на меѓународните организации во земјава поодлучно да се ангажираат за праведно решавање на ова прашање“, изјави Рамадан Рамадани, член на Координативниот совет.
Земјиштето пред МЕПСО, од над 6.300 квадратни метри е спремна за изградба на објектите кој ќе бидат во неокласичен артхитектонски стил.
Сопственоста на градбите е на грчкиот милијардер Деметрис Кондоминас кој ја купи парцелата за околу 625.000, по изградбата на Офицерскиот дом, без надоместок треба да им го отстапи на градските власти.