НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи во Ватикан по повод одбележување пет години канонизација на Мајка Тереза

0
By Ivana on September 6, 2021 ПОЛИТИКА
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Бујар Османи присуствуваше на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза, во Ватикан што првпат е во заедничка организација на МНР и Светата Столица. Османи ја отвори изложбата „Мајка Тереза – од девојка од Скопје до Светица“

-Денеска, кога ја празнуваме оваа светица, ние се потсетуваме и на нејзиното наследство, на нејзиниот завет. И овој денешен настан, е дел од исполнувањето на заветот. Мајка Тереза е и Нобеловка и светица – може ли да се постигне повеќе во еден кус човечки век?! A секогаш ќе остане Мајка на сиромашните, страдалниците и безнадежните. За многумина, таа беше единствената искра надеж. Со редот на милосрдието, Мајка Тереза спасуваше безбројни животи, враќајќи им ја стрдалниците на човечкото достоинство, будејќи ја, истовремено, секогаш на дремка подготвената совест на Човештвото.  Таа постојано потсетуваше дека светот не е гладен само за леб, туку уште повеќе за љубов, за признавање, за почитување, за топол човечки збор. Со сето тоа, Мајка Тереза си изгради жив споменик, потраен и повеличествен од сите наши споменици, вели Османи во своето обраќање.

Тој додава дека младата Гонџа растела опкружена со сета етничка, верска, јазична и културна различност на Скопје, меѓу католичка и православна црква, муслиманска џамија и еврејска синагога.

-Таа ги имаше прегрнато вредностите на нашиот модел на соживот и почитување и прифаќање на различноста. Затоа, често велела: „Ако не беше Скопје, ќе ме немаше и мене“.  Скопје, со сета своја различност ја имаше подготвено младата Гонџа за големите различности и предизвици што ги сретна во Индија, истакна министерот.

Министерот Османи, покрај одбележувањето на овој значаен јубилеј оствари средба и со секретарот за односи со државите на Светата Столица, монсињор Пол Ричард Галагер.

-На средбата беше констатирано дека врските меѓу двете земји се цврсто втемелени врз заедничкото споделување важни личности и настани од глобално духовно значење. Соговорниците се согласија дека успешниот развој на билатералните односи меѓу двете земји и честите посети и средби чија круна беше апостолската посета на Папата Франциск пред две години, отвора широки можности за интензивирање на секторската соработка, се вели во соопштението од Министерството.

Од МНР додаваат дека освен за перспективите на меѓусебните релации, министерот Османи и монсињор Галагер разговараа и за проактивната улога на нашата земја во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог како мост за одржлива коегзистенција на верските различности и традиции.

Бујар Османи Мајка Тереза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.