НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Орден „8 Септември“ за првиот претседател на Собранието Андов и пратеници во мандатниот период од 1990 – 1994 година

0
By НОВА ТВ Balaban on September 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Имајќи ја предвид пандемијата со Ковид-19, претседателот Пендаровски орденот „8 Септември“ му го врачи во неговиот дом. Во видеото Андов нагласува дека граѓаните сакале своја држава и дека тие во Собранието ги застапувале нивните барања и потреби. На настанот се обрати и Никола Стојановски, пратеник од првиот состав на Собранието 1990-1994 година.

Претседателот Стево Пендаровски со орден „8 Септември“ денеска ги одликува Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско Собрание, како и пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година. Во своето обраќање Пендаровски порача дека политичките елити во земјата треба одново да постигнат единство околу најважните прашања за иднината на Република Северна Македонија.

– Денес кога прославуваме триесет години од независноста, имаме повод и најдлабока причина да изразиме благодарност на генерацијата која ги постави фундаментите на македонската државност. Во изминативе децении беа одликувани првиот претседател на Републиката Киро Глигоров, и првиот претседател на Владата Никола Кљусев. Денес, со Орден „8 Септември“ искажуваме почит кон пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година, и на првиот претседател на тоа собрание, господинот Стојан Андов, истакна претседалот Пендаровски.

На овој триесет годишен јубилеј на нашиот трет Илинден, тој се осврна на три важни аспекти кои, според него, говорат за историската улога на пратениците и претседателот Андов во изградбата на самостојна и независна македонска држава.

-Повеќепартиските парламентарни избори во 1990-та беа нашето прво демократско искуство. Во тој прв парламентарен состав, 11-те парламентарни партии и тројцата независни пратеници понудија различни визии, мислења и ставови за иднината на државата, со интензитет дотогаш невиден кај нас. Вториот аспект е внатрешниот контекст и надворешното опкружување со кои се соочија тогашните пратеници. Во тоа бурно време на крвав расплет на југословенската криза, како држава се соочивме со сериозни безбедносни закани и со политички притисоци и блокади за меѓународното етаблирање на новата држава. А сето тоа, пропратено со длабока економска криза, висока инфлација и невработеност, рече шефот на државата.

Трето и најважно, според него, е што токму во тие турбулентни времиња, политичкото раководство, вклучувајќи ги и пратениците и претседателот на Собранието се сплотија околу клучните прашања.

-Наспроти сите политички и идеолошки разлики меѓу себе, тие успеаа да се обединат околу државните интереси: независноста на државата, демократскиот политички систем, еквидистанцата кон сите соседи и евроатлантската ориентација во нашата надворешна политика, рече Пендаровски.

Првото плурално Собранието ги избра првиот Претседател и првата Влада на Републиката, ги донесе клучните акти, меѓу кои и Декларацијата за сувереност и Одлуката за распишување на редефендум. На референдумот на 8 септември македонските граѓани го искористија своето неотуѓиво право на самоопределување и по мирен и демократски пат се изјаснија за суверена и самостојна држава Македонија. Врз основа на таа јасно изразена волја на народот, како што потенцира тој, Собранието донесе Устав, ја воведе новата национална валута, денарот и усвои неколку битни системски закони.

-Пратениците од првиот состав со едногласна одлука, визионерски се определија за членство на нашата земја и во НАТО и во Европската Унија.  Со тоа не само што ги поставија основите за изградба на нов правен, политички и економски систем, туку го започнаа и процесот на демократска консолидација на младата држава. Најголемиот дел од овие одлуки беа носени со ентузијазам и единство за какво денес, за жал, можеме само да сонуваме, потенцира претседателот Пендаровски.

Според него, овој голем јубилеј со кој денес се гордееме сите, посебно им припаѓа ним и на пратениците кои повеќе не се меѓу нас.

-Многу повеќе од многумина други, вие сте заслужни за тоа што имаме независна држава. Денес сме тука собрани, во името на сите македонски граѓани, да ја изразиме нашата искрена и длабока благодарност и почит кон вас, рече Пендаровски.

Освен со Орденот „8 Септември“ нашата благодарност кон првиот пратенички состав, според претседателот на државата, можеме да ја искажеме и на еден многу посуштествен начин, а тоа е да го следиме нивниот пример и преку политичко и граѓанско помирување, одново да постигнеме единство околу најважните прашања за иднината на Република Северна Македонија.

– Ова е неопходно за да покажеме политичка зрелост каква што доликува на држава-членка на НАТО, која чека датум за почеток на преговори за членство во Европската Унија. Но, уште поважно, ова од нас,  актуелната генерација политичари го очекуваат македонските граѓани за чии што интереси сигурно не работиме ако во политичката арена, приоритет ни се само нашите лични и партиски интереси, наместо националните и државните, рече Пендаровски.

Шефот на државата порача дека е време после 30 години угледувајќи се на таа прва генерација пратеници да изградиме единство околу виталните интереси на граѓаните.

-Клучна специфика на секое зрело, слободно и демократско општество е токму способноста низ институциите и процедурите, на конструктивен начин да ги надминува политичките разлики и несогласувања. А стожерната институција за тие дебати е нашиот дом на демократијата – Собранието на Република Северна Македонија. Да работиме на приближување на нашето со европското законодавство, не само формално, туку суштински, преку почитување на принципот на владеење на правото и на слободите и правата на секој човек. Само така се гради праведно и слободно општество на еднакви граѓани, независно од етничката, верската или која било друга припадност, рече претседателот.

Имајќи ја предвид пандемијата со Ковид-19, претседателот Пендаровски орденот „8 Септември“ му го врачи во неговиот дом. Во видеото Андов нагласува дека граѓаните сакале своја држава и дека тие во Собранието ги застапувале нивните барања и потреби. На настанот се обрати и Никола Стојановски, пратеник од првиот состав на Собранието 1990-1994 година.

 

ги одликува орден „8 Септември“ Стево Пендаровски Стојан Андов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.