Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јелена Жугиќ: Нон- сенс е уметникот да е по дифолт опозиција

0
By Нова ТВ on April 21, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 21, 2014 14:22


ВИДЕО: Јелена Жугиќ (од 39:34)

Не од сега застанавме зад овие 2046 проекти. Во моментот кога дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2006 година и кога за почеток ни ги зголеми платите за 60 отсто, од едно крајно недостоинствено ниво на академски граѓани, на културни работници на оваа држава ни го подигна нивото на едно нормално ниво, од тогаш мислам дека секој уметник, ама зборувам за уметник, за оној што вистински си ја носи уметноста во себе застана на страната на оваа влада, изјави вчера пред митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, актерката Јелена Жугиќ, кандидат за пратеник на оваа партија.

– Овие години слушам многу коментари дека ние уметниците по дифолт мора да сме опозиција. Меѓутоа, морам да нагласам дека за прв пат во историјата на Македонија, во историјата на моето битисување како актер, јас имам кариера веќе 25 години, можам да кажам дека за прв пат имаме влада која ги брани интересите на уметниците и е нон-сенс да си ти по дифолт опозиција.

Значи, ние многу одамна сме на страна на оваа владејачка гарнитура. Не само што ни ги зголемија платите, туку ги отворија вратите на театарските институции, значи има над 100 вработувања на млади актери коишто откако ќе завршеа академија во минатиот систем беа безизлезни. Си завршил факултет и не можеш да се вработиш.

Да не ви кажам ни изградија нов театар, па сега извинете ама јас 25 години работам со „буви“, бубашваби и со кровови што ни течат итн.

Оваа влада работеше со сериозни уцени. Доколку имаме 62 пратеника, порелаксирано ќе се работи и над овие 2046, уште 100 проекти ладно ќе легнат, сигурна сум…

Грев е од бога, на ваков христијански ден ќе кажам дека е грев од бога, кога одредени колеги зборуваат дека се цензурирани и не им се дозволува да работат.

Тоа се невистини. Тоа се лаги. Секој е поканет да работи во театар, меѓутоа не секој сака да допринесе во својата држава. Имаме ние една структура од уметниците на коишто им е многу покомфорно им е да работат надвор, во секој театар да бидат викани, да не одбиваат, а притоа да зборуваат дека они се цензурирани, нив не ги играме, не ги сакаме нивните претстави. Тоа е лага, тоа не е точно.

Се градат објекти и се вложува во меѓународната дејност на македонската култур… буџетот коој оваа влада го двои во културата од година во година се зголемува и при тоа нашето ресорно Министерство многу умно и многу паметно го троши тоа, изјави Жугиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.