Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани – соопштија од Министерството за здравство.
Министерството за здравство информира дека вечерва страотна несреќа се случи во Тетово, каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот.
– Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов. Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани – соопштија од Министерството за здравство.
Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, е во Тетово. По завршениот увид ќе ја информираме јавноста за фактичката состојба.