НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: На 27 април, ги имаме едни од најважните избори

0
By Нова ТВ on April 21, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија е веќе препознатлива во светот на инвеститорите. Во Македонија се отвораат слободни економски зони. Се создаваат услови за бизнис, за странски инвестиции. Тоа се успешни политики на Македонија, рече вечерва на митингот во скопската општина Карпош, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов.

– Македонија денес е почитувана членка на меѓународната заедница. Пресудата на Меѓународниот суд во Хаг го потврди тоа што го водиме како политика на Република Македонија. Покажа дека водиме исправна политика. Затоа Македонија е целосно подготвена да биде членка на НАТО и членка на Европската унија. Петте позитивни извештаи, петте препораки, за почеток на преговорите, кажуваат дека работевме вредно, дека работевме да се остварат стратешките цели на Република Македонија. Успеавме да обезбедиме и визна либерализација за нашите граѓани. Успеавме да ги зацврстиме стратешките партнерства, но и да создаваме нови.

– Да обезбедиме нови пазари за македонските производи. Нови можности за македонските компании. Успеавме да започнеме со изградба на стратешка инфраструктура. Автопатишта се градат низ Македонија. Се модернизира пругата. Во Македонија се инвестира за иднината на Македонија. За да привлечеме што повеќе странски инвестиции, да овозможиме домашните инвеститори да вложуваат и да отвораат нови работни места.

– И во услови на голема економска криза, светска криза, сето тоа е постигнато. Под такви услови Македонија покажува дека може да создава економија која има раст. А кога расте економијата, се расте во државата. Растат и пензиите, растат и субвенциите, растат и стипендиите, но растат и платите на вработените. Токму тоа го препознаа граѓаните на 13 април. Одговорот го дадоа граѓаните. Има многу уште да се работи. Многу зафати се пред нас. Многу предизвици стојат пред нас. Но кога сме заедно, кога соработуваме, кога сме единствени, тогаш и другите не почитуваат. Така се гради Македонија. Се гради Македонија со соработка. Секоја соработка носи успех. И затоа мора сите институции во државата да соработуваат.

– На 27 април, ги имаме едни од најважните избори. Најважните избори за Република Македонија. Од тие избори ќе зависи како ќе изгледа Македонија во иднина. Од тие избори ќе зависи каква Македонија ќе оставиме на нашите деца, рече меѓудругото Иванов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.