„Четврток“ на Милчо Манчевски влезе во финалето на американските квалификации за учество во трката за Оскар. Филмот ќе учествува како американска продукција на државниот натпревар за најдобар краткометражен филм на 44-тото издание на „УСА филм фестивал“, во Далас, Тексас.
Снимањето на филмот заврши минатиот мај во Њујорк, а се работеше по специјална покана од Венецискиот филмски фестивал.
„Четврток“ е ептен краток филм, како хаику, ама има ефект како кога рака облечена во чипка те удира силно во стомакот“, изјави претходно Манчевски.
Во чест на 70. издание на фестивалот во Венеција, директорот Алберто Барбера ги покани режисерите кои влегле во историјата на фестивалот, вклучувајќи го и Манчевски, да изработат кратки филмови на тема „Иднината на кинематографијата“.
Сценариото на краткометражниот филм „Thursday“ е на Манчевски, продуцент е Арон Левин, а во главната улога настапува младата глумица Лора Ласи. Директор на фотографијата е Уна Ли, монтажер Питер Мостерт, а композитор на музиката е Игор Василев Новоградска.