НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Куманово: Груевски, за криминал се одговара

0
By Нова ТВ on April 22, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Од овде, од Куманово, му порачувам на премиерот Никола Груевски дека за криминал се одговара, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на синоќешниот граѓански собир.

Тој потенцираше дека ниеден криминал не може да остане неказнет и го повика премиерот Никола Груевски да понесе одговорност за мега скандалот со подигнатите 1,5 милиони евра во кеш, за продажбата на Македонска банка.

Ова не може да остане неказнето. Игрите со кеш мора да прекинат. Валканите раце подалеку од Македонија, дециден беше претседателот на СДСМ.

Заев ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите в недела и да гласаат за нов, чесен концепт за спас на Македонија.

-Македонија е жедна за промени. Ние нудиме чесен и искрен концепт кој е модел за спас на Република Македонија. Заедно ќе ја градиме, заедно ќе кажеме во кој правец ќе се движиме. Затоа на 27-ми да излеземе масовно и зад параванот да донесеме одлука за нашата татковина и за нашата иднина, рече Заев.

На собирот се обрати и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски кој повика на целосна политичка промена за Македонија да биде подобра држава за сите граѓани.

-Ние немаме друга држава, немаме две македонии. Она што тие го нудат е пропаст на Македонија. Затоа мораме да се одважиме и да ја донесеме вистинската одлука. Одлука за комплетна политичка промена се со цел Македонија да биде подобра и посреќна држава на сите граѓани. Да останеме здружени, да останеме заедно и да се избориме за промени, порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на собирот.

На граѓанскиот собир во Куманово говореа и кандидатот за пратеник од овој град Љубиша Николиќ како и носителот на Изборната единица 2 од СДСМ и коалициските партнери, Петре Шилегов. Тие истакнаа дека Македонија заслужува претседател, но Македонија заслужува и промени за нов почеток.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.