На С.Б. ќе му биде изготвен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаници и прекурсори“ согласно член 215 од Кривичниот законик и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“
Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 12:30 часот, на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, го лишиле од слобода С.Б.(80) од Тетово. При негов преглед пронајден му е хероин, а нешто подоцна при претрес на семејниот дом, реализиран со судска наредба, пронајдени му се вкупно 197 куршуми со различен калибар.
По целосно документирање на случајот на С.Б. ќе му биде изготвен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаници и прекурсори“ согласно член 215 од Кривичниот законик и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик. Со соодветен поднесок денеска С.Б. ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.