НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Концерти, перформанси, презентација на стари занаети на 15. издание на „Звуците на чаршијата“

0
By Ана Василевска on September 13, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во старото градско јадро на Старата скопска чаршија на 15, 16 и 17 септември, во организација на Културно-информативниот центар – Скопје, ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“, чија цел, веќе неколку години е да ја заживее чаршијата преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовни изложби и презентација на стари занаети.

„Звуците на чаршијата“ е мултимедијална и мултикултурна манифестација, која годинава се одржува по 15-пат, со идеја да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје и да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини. Таа придонесува кон континуираните активности на градот Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје за ревитализација на Старата скопска чаршија“, посочуваат организаторите и потенцираат дека настаните ќе се реализираат согласно со актуелните протоколи и мерки за организирање настани.

За петнаесетото издание најавена е богата и разновидна програма со ликовни изложби, концерти, претстави, филмови, литература на повеќе локации во Старата скопска чаршијата.

Манифестацијата почнува на 15 септември (среда) во 20 часот во „Куршумли ан“ со повеќе настани од кои централен е концертот на „Тројца тенори“, трио што го сочинуваат: Јосиф Ѓипали, Кастриот Туша и Мустафа Имери. Настапува и Оркестарот на МОБ. Истата вечер ќе се одржи и гала концерт насловен „Вечер на лирски песни“, како и меѓународна изложба „Арт симпозиум – Струга“.

На 16 септември активностите почнуваат во 12 часот на пладне со настаните: „Улични музичари“, „Две флејти“, концерт на соло и гитара и концерт на гудачки квартет. Од 16 часот ќе се одржат литературните манифестации „Секоја калдрма со своја приказна“ и „Поетски бисери“ и концерт и промоција на цеде. Почнувајќи од 19 часот на плоштадот Скендербег концерти ќе одржат: Амар, Леонора Полоска и Бенд, Лаура Карлиу и Шпенд Латифи и Бенд, ATA Бенд
Валон Сума и Бенд.

На 17 септември во 21 часот на локацијата под Калето ќе има проекција на отворено на филмот „Една приказна од Приштина“ во режија на Бурбуќе Бериша со што завршува годинешната манифестацијата „Звуците на чаршијата“.

„Целта на проектот е презентација на различните традиционални уметности, традиции и култури во Македонија. Со еден збор ова е зближување и подобро запознавање меѓу етникумите во земјата, значи доближување до граѓаните преку културата – велат организаторите.
Фестивалот е првиот чекор што град Скопје го направи во 2006 година како иницијатива за заживување на чаршијата. Изменетото работно време и забраната за движење на возила по улиците на чаршијата, пак, придонесоа таа да стане најфереквентното место во градот во кое доаѓаат да се забавуваат граѓани од сите националности.

Изминативе години на „Звуците на чаршијата“ учествуваа многу познати пејачи, уметници, танчери, аниматори, познати групи, македонски, албански, турски, ромски, во духот на идејата на манифестацијата, да биде мултикултурна. КИЦ – Скопје, освен на реномирани уметници им дава шанса и на дебитанти, кои токму тука, на ова место, на оваа манифестација ја започнале својата кариера.

занаети звуците на чаршијата Стара чаршија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.