Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дескоска:Сите институции молчат за скандалот со 1,5 милион евра кеш на Груевски

0
By Нова ТВ on April 23, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 23, 2014 13:46


Помина речиси една недела откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го објави мега-скандалот од 1,5 милион евра кеш од продажбата на Македонска банка. Обвинителството молчи, судството молчи провладините медиуми молчат, МТВ молчи. Тоа е уште една потврда дека за време на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ завладеа институционален и медиумски мрак. Свесни сме дека зависното и партизирано судство создава несигурни граѓани под притисок на власта, рече на денешната прес-конференција, Рената Дескоска, носителот на пратеничката листа на СДСМ во ИЕ 1.

Таа денеска најави дека програмата на СДСМ ќе направи сериозни реформи во судскиот систем.

– СДСМ ќе го направи судството столб на демократијата и владеењето на правото во Република Македонија. Ќе се бориме за трајно решавање на состојбите во оваа сфера и ќе спроведеме правни и институционални реформи за надминување на актуелната катастрофална состојба во судството. Нов почеток на судството во Македонија ќе значи дека судските одлуки нема да се пишуваат на Илинденска бб – рече Дескоска.

На новинарско прашање дали со вакво судство по мегаскандалот за продажбата на Македонска Банка, што го објави Заев, ќе заврши само со пријава за навреда и клевета

Дескоска одговори доколку на 27 се случат промените нема овој случај да заврши како што завршија и сите.

„Во оваа ситуација во која се наоѓаме денес во која судството и обвинителството се целосно партизирани и институциите не работат врз основа на законот, туку врз основа на наредбите од Илинденска бб не сум оптимист дека институциите ќе профункционираат. Но ние на 27 се надеваме на промени и нов почеток кои ќе го вратат владеењето на правото и независното судство во РМ,“ рече Дескоска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.