НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нуредини: Животната средина во фокусот на разговорите со француските сенатори

0
By Ivana on September 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Визијата на државата за заштита на животната средина во постигнувањето на зелената ЕУ агенда, напредокот во усогласувањето на националното законодавство во областа животна средина со европското право, подготвеноста на државата и динамиката за искористување на предпристапните ЕУ фондови во областа, како и предизвиците со кои се соочуваме во заштитата на животната средина, беа во фокусот на разговорите што министерот за животна средина и просторно планирање ги имаше со делегација од францускиот Сенат.

Средбата е организирана во рамки на посетата на француската делегација на групата за меѓупарламентарно пријателство Франција-Западен Балкан на Сенатот на Француската Република.

Сенаторката Марта Де Сидрак, претседателка на групата, а воедно и заменик претседател на Парламентарниот Комитет за регионално планирање и одржлив развој, ја истакна заложбата на француската влада за регионална соработка и поддршка во заложбите за заштита на животната средина во нашата земја.

Министерот Нуредини увери дека поддршката од страна на Франција отвара широко поле на соработка во повеќе економски сфери и изрази задоволство од фактот што Франција е подготвена да биде наш стратешки партнер во заштитата на животната средина и климатските промени.

Исто така, министерот Нуредини информира за актуелните стратешки приоритети и активности што се реализираат од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање, како и за широкиот спектар на проекти и области за можна соработка, кои би ги поттикнале француските институции за пренесување на нивните искуства, а воедно и поттик на француските компании да инвестираат во земјава.

Целта на соработката е зајакнување на регионалната соработка, поддршка во евроинтегративниот процес и реформи за побрз одржлив економски и социјален развој, преку поддршка на еколошко одржливи проекти, компатибилни со Договорот од Париз.

животна средина нуредини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.