Најчести повреди кај ученици се гребаници, убод од инсекти, скршеници, паѓање од столче или клупа, често пати има и несвестици. Но во секое училиште одговорните наставници си ги знаат децата со хронични заболувања или со попречености, па затоа и ретки се повредите. Додека, на глобално ниво сѐ зависи за кои региони станува збор. Повредите кај децата во урбаните средини се разликуваат од оние во руралните, каде има и убоди од инсекти , каснување од животно и слично, вели во интервјуто за НоваТВ Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот Крст на град Скопје
– Најчести повреди кај ученици се гребаници, убод од инсекти, скршеници, паѓање од столче или клупа, често пати има несвестици. Но во секое училиште одговорните наставници си ги знаат децата со хронични заболувања или со попречености, па затоа и ретки се повредите. Додека, на глобално ниво се зависи за кои региони станува збор. Повредите кај децата во урбаните средини се разликуваат од оние во руралните, каде има и убоди од инсекти , каснување од животно и слично.
– Мислам дека се зависи од возраста, но има и такви ученици кои се многу посветени на оваа вештина. Првата помош е вештина која се учи и, секако, најдобрите стануваат парамедицинари, како ги нарекуваме во нашата држава. За ова не треба да се биде медицинско лице.
Колку волонтери брои Црвениот Крст на Скопје? Колку е важно волонтерството и за детето и за организацијата?
– На ниво на држава имаме 7.000 волонтери и 11.000 членови, а на ниво на град Скопје имаме 800 активни волонтери. Волонтерството е многу важно за креирање на социјална одговорност кај децата. Сите деца и млади луѓе кои се волонтери се многу посвесни за се она што се случува во заедницата и знаат да ги препознаат хуманите вредности.
Сузана, и Вие сте еден од волонтерите на Црвениот Крст и тоа со завиден стаж… Колку тоа ви помогнало во животот и во вашата професија лекар?
– Јас почнав со волонтирање кога имав само 10 години, и тоа токму преку екипата по Прва помош во моето училиште. Најубавото време го имам поминато преку активностите во Црвениот крст и волонтирањето во сите програми. Сега веќе сум 17 години секретар на Црвениот Крст на град Скопје. И единствена желба ми е да бидеме град со многу волонтери од сите возрасни категории, бидејќи само на тој начин ќе можеме да одговориме на потребите на заедницата и ранливите целни групи.
Љубица Балабан