Алпинистката Илина Арсова се искачи на врвот Arista Santa Barbara, 5.790 метри, еден од највисоките и најтешките за освојување во Јужна Америка.
Таа деновиве ги минува во Еквадор, каде заедно со експедиција предходно го искачуваше еден од највисоките активни вулкани во светот Котопакси.
„Добро утро“ – напиша таа во описот на објавеното видео.
Инаку, Илина Арсова е првата Македонка и една од 60-те жени во светот која ги искачи највисоките седум врвови на сите седум континенти.
За комплетирање на подвигот, таа кон крајот на 2019 година се искачи на врвот Винсон, кој со своите 4.892 метри е највисок врв на Антарктик.
Со надморската височина од 4.892 метри, Винсон е значително понизок од повеќето врвови на листата, но важи за најизолиран и најстуден.
Покрај Винсон, предизвикот „Седум врвови“ ги опфаќа и Монт Еверест (Азија, 8.848 метри), Аконкагва (Јужна Америка, 6.961 метар), Денали (Северна Америка, 6.194 метри), Килиманџаро (Африка, 5.895 метри), Елбрус (Европа, 5,642 метри) и Пунчак Џаја (Австралоазија, 4.884 метри). Според статистиките, повеќе од 400 луѓе биле на сите овие врвови.