Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска на средба со директорката на UN Woman, Алиа Ел Јасир: Ќе се воспостави Тренинг Центар за родово одговорно буџетирање

0
By НОВА ТВ Balaban on September 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 16, 2021 18:00

„Вложениот труд и работа при имплементирањето на родово одговорното буџетирање ја направи вашата земја лидер на Балканот. Би сакала што поскоро да го видам отворен Тренинг Центарот за родово одговорно буџетирање затоа што со неговото функционирање ќе се направат големи промени и ќе се постигне голем напредок во воспоставувањето на родова еднаквост, на секое поле“, – порача регионалната директорка Алиа Ел Јасир.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска одржа средба со регионалната директорка на UN Woman за Европа и Централна Азија, Алиа Ел Јасир.

Целта на состанокот беше да се разговора за севкупниот напредок на Република Северна Македонија во насока на родовата еднаквост, конкретно за имплементацијата на Проектот на Министерството за труд и социјална политика за родово одговорно буџетирање.

„Континуираната соработка и градење на капацитетите за родово одговорно буџетирање доведе до тоа Република Северна Македонија да биде лидер во регионот во однос на интегрирање на родовата перспектива во стратешкото планирање, креирање политики и процеси на буџетирање. За ова голема заслуга има долгогодишната соработка со нашиот стратешки партнер UN Woman“ – истакна министерката Шахпаска, информираат од Министерството за труд и социјална политика. 

Еден од проектите помеѓу Министерството за труд и социјална политика и UN Women  е проектот „Унапредување на институционализацијата на родово одговорно буџетирање преку систематска интеграција на родовата перспектива во стратешкото планирање и програмирање на владините институции во Северна Македонија“.

Овој проект има две цели: Зајакнување на капацитетите на државните службеници во ресорните министерства за да се инкорпорира родовата перспектива во политиките и буџетите, и воспоставување на Тренинг Центар за родово одговорно буџетирање за континуиран развој на капацитетите на државните службеници, размената на знаење и размената на добри практики.

„Вложениот труд и работа при имплементирањето на родово одговорното буџетирање ја направи вашата земја лидер на Балканот. Би сакала што поскоро да го видам отворен Тренинг Центарот за родово одговорно буџетирање затоа што со неговото функционирање ќе се направат големи промени и ќе се постигне голем напредок во воспоставувањето на родова еднаквост, на секое поле“, – порача регионалната директорка Алиа Ел Јасир.

На средбата, директорката Алиа Ел Јасир ја поздрави соработката на Министерството за труд и социјална политика со останатите сектори, особено Програмата за реинтеграција во затворите, што претставува иновативен пристап кој треба да го применуваат и останатите земји од регионот, порача таа.

Исто така, Министерствотот за труд и социјална политика соработува и во спроведувањето на проектот на UN Woman „Советодавни услуги за родово вклучување во администрацијата на Северна Македонија“ чија цел е да ја поддржи Владата на Република Северна Македонија во транспонирање на правото на ЕУ за родова еднаквост.

Овој проект е дизајниран во тесна соработка со Секторот за европски прашања и во консултација со Министерството за труд и социјална политика.

На состанокот се разговараше и за Усвојувањето на новата Национална стратегија за родова еднаквост (2021-2026), новиот Закон за родова еднаквост, воспоставувањето на првиот Ресурсен центар за креирање политики и буџетирање на родова еднаквост и континуирано зајакнување на капацитетите на ресорните министерства и државни агенции.

 

Алиа Ел Јасир Јагода Шахпаска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 27, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

ВЕСТИ May 27, 2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го на…

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.