На попладневниот протест во Тетово, за жртвите од пожарот во модуларната болница, попладнево дошло до судир меѓу луѓето што учествувале во протестот и полицијата. Како што јавува Тв 24, протестирачите се упатиле кон партиското седиште на ДУИ во Мала Речица , каде биле спречени да влезат од полицијата.
Групата граѓани почнала да фрла со јајца и со камења кон општинската зграда и притоа дојде до судир и со припадниците на МВР, јавува Телевизија 24, во своето директно вклучување од теренот, од каде известуваат дека засега немало информации за повредени.
Во пожарот кој се случи вечерта на 8. септември во модуларната болница во Тетово загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти.