Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска за 360 степени: Го повикувам Народниот правобранител да не шпекулираме-состојбата во училиштата е безбедна

0
By Mirjana on September 18, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 18, 2021 09:53

Состојбата во училиштата во државата е безбедна и засега нема интерна трансмисија на вирусот во училишните објекти. Денеска и здравствените власти информираа дека нема зголемен број на позитивни случаи на деца во болниците, како што дел од медиумите сакаа лажно да претстават. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на синоќешното гостувањето во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

-Епидемиолозите заедно со Комисијата за заразни болести ја следат детално состојбата во училиштата. Државниот санитарен и здравствен инспекторат е постојано на терен и имаме извештај на дневна основа во колку школи се направени контроли и согласно тие извештаи, протоколите апсолутно се почитуваат. Имаме инцидентни случаи во некои општини каде има минимални забелешки за непочитување на некој дел од протоколот во одредено училиште каде веднаш се интервенира, рече Царовска.

Министерката истакна дека МОН на дневно ниво добива информации за секој заразен ученик во секое училиште и е во редовна комуникација со Комисијата за заразни болести, каде се доставуваат тие извештаи, со цел навремено делување доколку дојде до промена на ситуацијата со заразата во училиштата.

-Апелирам до Народниот правобранител да бидеме во координација, да не шпекулираме, за да можеме да стигнеме до квалитетно образование и тоа со физичко присуство во време на пандемија, кое е од највисок интерес на децата и тоа не е потврдено само од нашата држава, туку и од меѓународни организации кои се грижат за квалитет на образованието во земји во развој како нашата, рече Царовска.

Согласно податоците со кои располага МОН, кумулативно од почетокот на учебната година до сега 0,2 проценти од вкупно 240 000 ученици биле активни случаи. Дел од нив се оздравени и повторно вратени на наставата со физичко присуство во училница, додека дел сé уште се во изолација. Во текот на вчерашниот ден 0,01 процент од вкупниот број на ученици се нови позитивни случаи на заразени.

Осврнувајќи се на забелешките за недостиг на учебници или ИТ уреди за некои ученици, министерката нагласи дека многу е важно тие да не бидат паушални.

Оваа учебна година, велат од МОН во соопштение, посебно се водеше сметка за обезбедување еднаквост на учениците. Министерството за образование и наука за најранливите ученици, коишто во своите домови немаат електрична енергија, испечати 20 проценти од вкупниот број на учебници. За учениците кои немаат дигитален уред, а можат дома да го користат, ИТ уреди беа обезбедени дел од МОН (10.000 таблети), дел од самите локални самоуправи

да не шпекулираме до народен правобранител Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

ВЕСТИ May 14, 2026

Кинескиот претседател Ши Џинпинг го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг со формална воена…

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.