Заклучно со вчера до 20 часот, во земјава се попишани вкупно 951 151 граѓанин, 297 089 домаќинства и 402 768 станови, информираше Државниот завод за статистика (ДЗС).
Од дијаспората, пак, досега се попишани над 190 000 лица.
Пописот почна на 5 септември, а е предвидено да трае до 30 септември. На последната прес-конференција, директорот на ДЗС, Апостол Симовски, рече дека е задоволен од динамиката, дека е мал бројот на оние кои одбиваат да се попишат и дека очекува целата операција да заврши во законски утврдениот рок.